Бразил ќе понуди четврта доза вакцина против Ковид-19

За повозрасните лица со ослабен имунитет во Бразил ќе се понуди четврта доза вакцина против Ковид-19. Таа ќе може да се даде четири месеци по третата дополнителна доза, соопшти тамошното Министерство за здравство. Планирано е да се намали интервалот помеѓу втората и третата доза на вакцината од 5 на 4 месеци.

Бразилската Влада најави дека ќе донира 10 милиони дози вакцини на сиромашните земји во рамките на програмата Ковакс на Светската здравствена организација.

Во Бразил од последици од коронавирусот досега починале повеќе од 617.000 луѓе, поради што земјата е на второ место, по САД по бројот на смртни случаи. Бразил со 212 милиони население е на трето место по број на инфицирани со повеќе од 22 милиони.