Бојан Маричиќ – вицепремиерот за европски прашањ е позитивен на Ковид-19 и нема да биде дел од владината делегација што од денеска е во официјална посета на Софија. Маричиќ на Фејсбук напиша дека не чувствува никакви симптоми, но според правилата, мора да биде во изолација.
„За жал, нема да сум присутен и на првиот состанок на заедничката меѓувладина работна група за европска интеграција и зелени политики со која јас копретседавам, но останувам во комуникација со колегите Грковска, Нуредини и Алити, како и со моите бугарски колеги околу деталите и заклучоците од средбата. Давам целосна поддршка на процесот на продлабочување на соработката на сите нивоа и во сите области, како и зближување на двата народи, преку видливи резултати од функционирањето на работните групи“ – напиша вицепремиерот Маричиќ на ФБ.