Борисов: Пред мене ниту еден македонски политичар не кажал дека нема да имаат територијални претензии кон Бугарија

Бојко Борисов – екс бугарскиот премиер на Бугарија потсети на напорите на земјата направени уште од времето на претседателот Жељу Желев до потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, поддржан од сите политички партии во Бугарија. Во него, според Борисов, е кажано што треба да се направи и какви комисии треба да има. Тој рече дека вчера дознал „оти Република Северна Македонија нема да има територијални претензии кон Бугарија“.

„Толку години пред мене ниту еден македонски политичар не си дозволил да каже такво нешто – дека се откажуваат и нема да имаат територијални претензии кон Бугарија“ рече Борисов потсетувајќи дека Бугарија прва ја поддржа Република Северна Македонија за влез во НАТО, прва ја призна нејзината независност и сака таа да влезе во ЕУ.