
Борисов: Бугарија стана пиратска држава
Борисов се осврна на инцидентот со потонатиот брод што превезувал течен гас, велејќи дека „добрата вест од потонатите бродови е дека сега сигурно има гас во Црното Море“.
Бугарија стана „пиратска држава“, а владата не се осмелува да каже кои се тие, изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, во коментар за ситуацијата со потонатите бродови во Црното Море.
Борисов се осврна на инцидентот со потонатиот брод што превезувал течен гас, велејќи дека „добрата вест од потонатите бродови е дека сега сигурно има гас во Црното Море“.
„Станавме пиратска држава, а пиратите слободно дејствуваат затоа што владата не се осмелува да каже кои се пиратите. Брод по брод е потонат, ограбен и потонат. И можеби, ако работите продолжат вака, ќе бидеме најголемата атракција за оние кои ја сакаат подводната фотографија и бараат наоѓалишта“, ироничен беше Борисов.
На прашањето што би направил во таква ситуација, тој одговори дека „би ги уништил дроновите што се движат бавно по вода“, како и дека би ги ангажирал авијацијата и воените системи.
„Исто како што пред години Русите секојдневно испраќаа авиони и ги пресметуваа работните часови на моторите на нашите МиГ-ови за да нè принудат да ги приземјиме, што и го направија. Тогаш ги активиравме ракетните системи кај Шабла. Штом ќе се појавеа, нивните системи покажуваа дека се следени како цели. Оттогаш немаше ниту еден упад на руски авион“, рече тој.