
Борел со осуда кон инцидентот во Охрид. За него како што тој вели се неприфатливи изјавите кои ги даваат некои националистички политичари.
Високиот преставик за надворешна и безбедносна политика за време на денешната средба со Османи изрази уверување дека одговорните за инцидентот ќе бидат изведени пред правдата.
-Јас сум уверен од најавата на вашата власт дека одговорните ќе бидат изведени пред правдата. Но, истовремено слушаме и неприфатливи изјави кои ги даваат некои националистички политичари, кои поттикнуваат омраза и имплицираат насилство. Тоа може само дополнително да ги зголеми тензиите и не придонесува за атмосфера која придонесува за добрососедски односи. Најсилно го осудувам секој повик за насилство, рече Борел.
Според Борел, од суштинско значење е заедничкото работење и создавање атмосфера на дијалог и взаемно почитување.