„Бог му заповедал во Вашингтон да ја отсече главата на змијата“

Американец од Канзас бил приведен во САД под обвинение дека се заканувал со убиство врз американскиот претседател Џо Бајден – пишува „Дејли Бист“.

Уапсен бил извесен Скот Мериман кој изјавил дека „Бог му заповедал да замине во Вашингтон и да ја отсече главата на змијата во срцето на нацијата“.

„Њујорк пост“, пак, објави дека полицијата во Канзас претходно ја информирала тајната служба дека Мериман им се јавил и кажал дека тргнал на пат кон Вашингтон за „да се види со претседателот“.

Тој ѝ кажал на полицијата дека е на пат кон Белата куќа за да му каже на Бајден дека на луѓето им е преку глава од поделеноста на земјата и дека треба да се обратат кон Бога.