Битиќи: СДСМ во моментов има мнозинство – новата Влада ќе е поголема и постабилна

Фатмир Битиќи – потпретседатателот на владејачката СДСМ вечерва во емисијата „24 Анализа“ говореше за преговорите за добивање на мнозинство на СДСМ во Собранието, а се осврна и на оставката на премиерот Зоран Заев.

„Општетството не треба да бара, туку политичарите се тие кои даваат оставка. Раководството го поддржа моралниот чин на претседателот на партијата за оставката. Ние имавме неразумна опозиција, кога требаше да се помага, тие одмагаа. Во овој момент, следи третиот чекор, а тоа е краирање на ново мнозинство и се склучуваат договори со прогресивните сили кои сфатија дека нашата земја нема време за губење понатаму. СДСМ во моментов има мнозинство со сите прогресивни сили и новата влада ќе биде поголема и постабилна. Таа ќе владее до крајот на мандатот“ – рече Фатмир Битиќи.