Мицкоски: Заев ги држеше како заробеници пратениците од власта

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во емисијата „Топ тема” даде свој коментар на ситуацијата која се одвиваше во Собранието дента кога требаше да се изгласа недоверба на Владата на Заев.

,,Имавме состојба во која 59 пратеници кои ја поддржуваат Владата беа држени како заробеници затоа што некој се сомнева во честа и честитоста на тие пратеници да бидат дел од таа седница и да гласаат против. Да претпоставиме дека ќе беа против, тие велат дека таа Влада предводена од СДСМ и Зоран Заев да остане, и тоа е легитимно, никој не ги тера со сила. Од едната страна ќе имавме 60 пратеници, минус овој еден кој што се потпишал и го нема, од другата страна имаме 59 во пратеничките клупи кои гласаат против иницијативата за гласање на доверба и ќе беше 60:59, еден исчезнат во тој момент бидејќи се појави дури попладнето после 16 часот откако претседателот на движењето БЕСА пријави исчезнат пратеник. Овие 59 ќе си гласаа против и јавноста ќе беше заштитена од сето она коешто се случуваше” – рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека тие 59 пратеници кои наводно ја поддржуваат Владата и кои дента не беа присутни на седницата, биле спречени од лидерите на политичките партии на власт да не бидат таму.