
Белата куќа забрани Си-Ен-Ен да известува за посета на Трамп во Тенеси
Си-Ен-Ен соопшти дека на нивни новинари не им е дозволено да се качат на авионот „Ер Форс Уан“ за да известуваат од посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Тенеси. Си-Ен-Ен требало да биде дел од телевизиската група за новинари и да известува за Трамп за време на неговото патување во Ноксвил, каде што се очекува претседателот да присуствува на натпревар од колеџ фудбал.
Како дел од прес-пул, мрежата требаше споделува видео и информации со четири други големи телевизиски мрежи.
Си-Ен-Ен е заменета со конзервативната мрежа „Глас њуз“ на организацијата „Реал Америка“.
Одлуката доаѓа откако Трамп претходно оваа недела им забрани на Си-Ен-Ен, „МС НАУ“ и „Политико“ да влезат во Белата куќа, обвинувајќи ги медиумите дека известуваат за „фикција и лаги“.
Големите телевизиски мрежи потоа го суспендираа заедничкото известување за претседателот во знак на солидарност.
Федерален судија во четврток привремено ја укина забраната за Белата куќа откако медиумските организации поднесоа тужба, но пресудата се однесуваше на пристапот до комплексот на Белата куќа, а не директно на обврските на прес-пулот.