Бајден: САД и сојузниците се едногласни – ќе има жестока економска штета за Русија ако изврши напад

„САД и европските сојузници се целосно едногласни околу Украина и подготвени се да нанесат жестока економска штета на Русија ако таа изврши напад“. Ова синоќа го соопштија од Белата куќа.

„Имав многу, многу добар состанок. Целосно сме едногласни со европските лидери“ – рече американскиот претседател, Џо Бајден.

На неговиот Твитер напиша дека Бајден со европските сојузници дискутирал за „заедничките напори да се одбие руската агресија како подготовка за нанесување жестока економска штета на Русија и засилување на источното крило“.

Виртуелниот состанок беше со лидерите на Европската комисија, Советот на Европа, НАТО, Франција, Германија, Италија, Полска и Велика Британија, соопштија од Белата куќа.

Од Кремљ повеќепати досега негираа дека Русија има намера да ја нападне Украина.