„Евентуалната руска инвазија врз Украина би можела да биде „најголемата инвазија“ од Втората светска војна, со оглед на масовното воено присуство на Русија во близина на украинската граница“. Ова е ставот на американскиот претседател Џо Бајден.
„Таков настан може да го промени светот“ рече тој.
Бајден предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин „продолжува да распоредува војници долж украинската граница од Белорусија“.
Прашан дали ќе размисли за преземање на необичниот чекор за воведување санкции директно на Путин доколку Русија ја нападне Украина, претседателот на САД одговори потврдно.