Баша: За осум години нема ниту чекор напред кон ЕУ
Љуљзим Баша – лидерот на албанската опозициска Демократската партија во интервју за Радио Ватикан вели дека Албанците заслужуваат и очекуваат темелна промена на политичката култура во земјата. Тој смета дека како и пред 30 години Албанија повторно е на крстопат.
Според него, повеќе од 8 години, не се направени чекори напред кон „она што го најавивме, без разлика на политичките убедувања или политичка страна, на кои припаѓаме, како заедничка судбина и цел: интеграција на земјата во Европската Унија“.
„Членството на земјата во ЕУ не е процес на потпишување хартија, ниту бирократски процес, тоа е процес на постигнувања што се спроведува преку реформи. Реформите останаа на нулта позиција и не ги дадоа посакуваните резултати. Конкретно, би сакал да го истакнам 25 април (денот на ланските парламентарни избори), како многу проблематичен момент, кој привремено го уништи механизмот на промени во демократијата, а тоа е слободното гласање и посветеноста на Демократската партија од првиот ден во парламентот на каузата за враќање на легитимитетот и демократијата на албанските институции“ вечо Баша.