„Што е попотребно од мирот на земјата и од мирот во секој човек, од мирот во семејството, мирот меѓу народите и државите. Што повеќе им доликува на луѓето од тоа да живеат во мир и да покажуваат добра волја“. Ова го рече поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан во своето обраќање по повод бадникарската церемонија во Соборниот храм во Скопје.
По предавањето на Бадникарскиот ќуп и осветувањето на бадниковата погача на новите кумови, г.г.Стефан потсети дека стара традиција за овие празници е да се посетуваат семејства на роднини и пријатели, да се обновуваат коледарските песни, како и стари и млади да учествуваат во бадникарските поворки.
„Дали размислуваме за тоа како празнуваме и како го славиме Господа, што му подаруваме, дали носиме доволно љубов и дали имаме доволно љубов за луѓето околу нас? Дали е доволно да имаме љубов само за Бадник, Божиќ и Велигден? Само со живот според верата секој ден ќе ни биде како Божик и како Велигден“ рече поглаварот на МПЦ-ОА.
Тој им забагодари на кумовите што продонесуваат традицијата да се пренесува од поколение на поколение.
„Дај Боже празничната радост да не следи во сите денови“ – порача г.г Стефан.
Кумовите на манифестацијата, Драган Спасов – Дац и Александар Митевски, претходно го посетија Домот за стари лица во Злокуќани и на штитениците им врачија пригодни подароци по повод големиот христијански празник – Божик.
„Бевме воодушевени од пречекот со погачи, ракија, вино, јаболка. Штитениците се ни подготвиле, како што налага традицијата. Имаше мнбогу убава атмосфера, беше прекрасно исксутво. Луѓето беа подготвени уште од раните утрински часови, им испеавме една песна, а тука беше и Цветин кој кажа убава здравица и им подари на штитениците цвеќиња“ – изјавија Дац и Митевски пред Соборниот храм.
На традиционалната прослава беше и градоначалничката Данела Арсовска. Таа на кумовите, но и на сите граѓани им посака бериќет.