Аријанит Хоџа собра 1.000 потписи за новата Европска демократска партија

„Успешно заврши собирањето потписи за регистрација на Европската демократска партија. Бескрајна благодарност до сите основачи за нивната посветеност и волја да отворат нова страница на политичко дејствување. Со среќа!“, објави на Фејсбук вчера поранешниот заменик-претседател на Движењето Беса, Аријанит Хоџа.

Потребните 1.000 потписи беа потребни за регистрација на неговата нова партија Европска демократска партија.

Тој ја најави промоцијата на новата партија за в сабота, на еден ден пред одбележувањето на годишнината од Рамковниот договор.

Аријанит Хоџа до неодамна беше заменик-претседател на Движењето БЕСА, но најави дека ќе се повлече од партијата и ќе формира нова откако тројца политичари од албанскиот опозициски кампус – неговиот доскорешен партиски лидер Биљал Касами, Изет Меџити од „огнените“ и Африм Гаши од Алтернатива соопштија дека создаваат заеднички опозициски фронт.