Антонио Бандерас ќе го игра Цар Борис Трети – Бугарите снимаат филм

Холивудската ѕвезда Антонио Бандерас ќе глуми во историскиот филм за цар Борис Трети.

62-годишната холивудска ѕвезда веќе неколкупати била во Бугарија и ги договарал деталите од историскиот филм кој ќе почне да се снима наесен.

Бандерас веќе бил во Бугарија и ја разгледал изложбата на Пикасо во националната галерија.

Продуцентот Ави Лернер кога го прашал Бандерас – „Дали сакаш да го играш кралот?“

Тој веднаш одговорил – „Да”.

„Цар Борис Трети навистина ги поддржуваше Евреите во Бугарија, но испадна дека има многу повеќе луѓе вклучени во оваа историја. Сакаме да ги прикажеме повеќето од нив со развивање на нивните приказни во филмот“ – вели продуцентот Ави Лернер – пишува „Бугарија Днес“.

Предвидено е филмот да биде на англиски јазик.