Анонимуси со нова порака до Вучиќ: Еј, кукло на Путин, каде си?

Хакерската група Анонимуси испрати нова порака до претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Оваа хакерска група објави дека се многу ангажирани и дека собрале имејл адреси на стотици српски владини функционери во различни министерства, пренесе „Данас“.

Својата порака ја завршија со зборовите: „Еј, кукло на Путин, каде си? Уште си со кучињата?!“