Анкета: Шест од десет Грци сметаат дека на земјата и е потребна политичка промена

Шест од десет анкетирани сметаат дека на Грција ѝ е потребна политичка промена, наспроти 39 отсто кои сакаат политичка стабилност, а 66 проценти оценуваат дека земјата оди во погрешна насока, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Metron Analysis“ за грчката телевизија „Мега“, јави дописничката на МИА од Атина.

Сепак, иако сметаат дека е потребна политичка промена, поделено е мислењето на граѓаните во однос на предвремени избори, 51 отсто сметаат дека треба да се распишат порано од предвиденото (во јуни 2027 година), а 46 проценти одговориле дека Владата треба да го заврши четиригодишниот мандат.

Речиси половина од анкетираните сметаат дека нивната лична состојба е полоша во споредба со претходно, а поскапувањето на цените, заедно со економијата се главните два проблеми за Грците.

Во однос на геополитичките прашања, 76 отсто од граѓаните нападот на САД врз Иран го карактеризираат како неоправдан, а за односите меѓу ЕУ и САД, 54 отсто сметаат дека ќе продолжат да бидат сојузнички сили, наспроти 41 процент што оценува дека во иднина ќе следат одделни патишта.

На политичката сцена, Нова демократија е прва со 21,5 отсто, ПАСОК е втора политичка сила во Грција со 11,3 проценти, а потоа следат левичарската Курс на слобода (7,8 отсто) и десничарската Грчко решение (со 7,7 проценти).

На прашањето кој е најсоодветен за премиер, на првото место е „никој од понудените“, со 30 отсто, актуелниот претседател на Владата на Грција Кирјакос Мицотакис добива 26 проценти, а далеку зад него се поранешниот премиер Алексис Ципрас (со седум отсто) и лидерите на ПАСОК, на Курс на слобода и на Грчко решение со шест проценти.

Истражувањето на јавното мислење н „Metron Analysis“ за „Мега“ било спроведено од 21 до 27 април со анкетирани 1.300 лица со право на глас.