
Резултатите од најновата анкета на Ројтерс и Ипсос покажуваат дека еден од тројца Американци ја поддржуваат војна со Иран, што е најниско ниво откако пред пет месеци почна конфликтот.
За поголемиот број испитаници претседателот на САД, Доналд Трамп не успеал јасно да ги објасни своите цели.
Анкетата покажа дека 69 проценти од Американците, од кои четворица од 10 републиканци, веруваат дека Трамп „не ги објаснил целите на американското воено вклучување во Иран“.
Но, и покрај тоа рејтингот на Трамп се искачил на 37 проценти, што е за три поени повеќе од минатиот месец, кога поддршката за него беше на најниско ниво.
Анкетата е спроведена од 24 до 26 јули.