Андреј Петров: Ковачевски има нова енергија и фокус кон внатрешните проблеми во државата

„Имам верба во новиот мандатар Димитар Ковачевски, сметам дека заслужува да му се помогне, бидејќи се нафаќа на тешка работа во тежок период после сите овие случувања воопшто генерално и глобално и кога и во државата проблемите се бројни“. Ова го изјави членот на ИО на СДСМ Андреј Петров во тв Телма.

Тој смета дека секој што сака нешто да придонесе, а има капацитет тоа да го направи – треба да се вклучи. Додава дека Ковачевски има желба за единство, да ги збие редовите во партијата.

„Ковачевски има една нова енергија и фокус кон внатрешните проблеми во државата, економската криза која треба да се решава, животот на луѓето, стандардот на граѓаните, здравствената криза, сето она што ги соочува луѓето со секојдневните реални проблеми“ – нагласи Петров.