
Нема потреба бугарски полицајци да бидат дел од обезбедувањето за време на чествувањето на раѓањето на Гоце Делчев, смета Стојанче Ангелов. Според првиот човек на Центарот за управување со кризи, македонската полиција во минатото покажала дека може да се справи со демонстрации кога имало и повеќе од 10 илјади луѓе.