Американски генерал: Украинците бавно напредуваат

Американскиот генерал, Марк Мили, рече дека украинската контраофанзива е побавна од очекуваното, но сепак бележи напредок.

Во изјавата за Националниот прес-клуб, генералот Мили рече: „Украинската контраофанзива оди побавно отколку што предвидуваа луѓето, тоа не ме изненадува“.

„Таа напредува стабилно, решително, пробива тешки мински полиња и така натаму“, додаде тој.

Украинските власти објавија напредок на сите фронтови, а украинскиот претседател Володимир Зеленски сега сака да го зајакне северот на земјата.