
Ако се укине Пржинската влада тоа ќе биде пат за изборен фалсификат, вели Филипче
Укинувањето на Пржинска влада води кон изборен фалсификат и е сериозен ризик за демократскиот процес, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Според него, овој потег покажува дека владата на премиерот Мицкоски нема капацитет да организира фер избори, поради силна партизација на институциите. Во разговор за емисијата „Трилинг“ на ТВ24 тој додаде дека институциите се целосно ставени под партиска контрола.
Укинувањето на Пржинска влада води кон изборен фалсификат и е сериозен ризик за демократскиот процес, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Според него, овој потег покажува дека владата на премиерот Мицкоски нема капацитет да организира фер избори, поради силна партизација на институциите. Во разговор за емисијата „Трилинг“ на ТВ24 тој додаде дека институциите се целосно ставени под партиска контрола.
„Целосно ја партизира полицијата. Има нов закон за полиција, којшто сега кога ќе се усвои, со новата систематизација, ќе се укине кариерниот напредок. Знаете што ќе се случи? Партиски луѓе од улица ќе бидат ставени на раководни функции. Дополнително скратени се парите кои што ги добиваат полицајците. Премиерот има чувства и дава насоки од собраниска говорница на судии и обвинители, не знаеме кој и како ги чува податоците од системот ‘Безбеден град’“, рече Филипче.
Тој дополнително укажа на влијанието врз медиумите и ширењето на пропаганда, што дополнително ја влошува демократската атмосфера.
„Орбанови медиуми, 40 отсто од медиумите кај нас, кои што шират лажни вести, пропаганда и така натаму, и антиевропски наратив. Па оваа власт нема капацитет да спроведе демократски избори. Укажавме на ОБСЕ, на нашите извештаи за локалните избори 2025 година, делеа пари пред очите на полиција, на гласачки места активисти на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Филипче.
Во интервјуто Филипче потенцираше дека укинувањето на техничката влада има јасна цел, а тоа е целосна контрола врз изборниот процес.
„Вистинското прашање, е зошто ова власт инсистира да се укине Пржинската влада? Тоа е вистинското прашање. Одговорот однапред го знаеме. Затоа што сакаат да направат изборен фалсификат. Целосна контрола на системот“, рече Филипче.
Според него, дека не постои разлика меѓу Никола Груевски и Христијан Мицкоски.
„Истото со што сега се соочуваме, истата парадигма којашто тогаш ВМРО-ДПМНЕ ја користеше, ја имплементираше во раководењето на државата под раководство на Никола Груевски, сега практично го прави Христијан Мицковски. Нема разлика, тоа е иста организирана криминална група. Луѓе кои што го зграпчија државниот буџет, излажаа дека ќе се борат за националните интереси, дека ќе го вратат името, дека ќе ја подобрат преговарачката рамка, дека ќе го поништат договорот за добрососедство со Бугарија и ништо не направија“, потенцираше Филипче.
Тој додаде дека ваквиот пристап се манифестира и преку управувањето со јавните финансии.
„Го зграбија буџетот и го користат само за да ги пљачкаат народните пари преку тендери на свои компании блиски до ВМРО ДПМНЕ“, рече Филипче.