Викторија Аврамовска Мадиќ, претседателка на Централната изборна комисија, денеска на прес конференција посочи дека по завршување изборниот процес и гласањето за избор на претседател на СДСМ, пристигнат е само еден приговор.
„Примерите коишто се наведени се веќе јавно соопштени од Комисијата, тие се незначителни и немаат речиси никакво влијание на целиот процес.
Прв пример којшто е наведен е број на членови кои побарале да им биде овозможено гласање иако не биле на избирачкиот список.
Уште вчера, во текот на денот Комисијата соопшти дека е мал бројот на членови, вкупно 51 кои побараа да им биде овозможено да гласаат иако не биле на избирачкиот список.
На 7 им е прифатено барањето а 44 се одбиени. Затоа што по проверка во системот се констатираше 7 се акредитирале а 44 дека не се акредитирани преку активна регистрација и не е доставен образец за активна регистрација.
Оттука, целосно е несоодветно да се тврди дека станува збор за голем број на членови ниту пак да се тврди дека ова има влијание на процесот.
Секој кандидат имаше свои контролори на сите 77 избирачки места и во Централната изборна комисија, на денот на гласањето. За дополнителна транспарентност и можност којашто им беше оставена да гласаат сите контролори еден ден пред изборите, односно на 29.06.2024 година.
Како Централна изборна комисија констатиравме дека имаме кредибилен и демократски процес за избор на претседател на СДСМ.
Гласањето и целиот процес се одвиваа непречено и мирно, во фер и демократска атмосфера.
Ги соопштивме веќе првичните резултати од преброени 95% од гласовите, по пристигнување на сите записници и увид во избирачкиот материјал ќе ги соопштиме и конечните резултати.
Одзивот и излезноста на членовите, претседател на партијата е избран и нема потреба од втор круг затоа што согласно Правилникот и Статутот на СДСМ оној кандидат којшто освоил над 50% од гласовите на излезените членови.
Волјата на членовите на СДСМ е јасно и недвосмислено изразена“, вели Мадиќ.