
🎥Мицкоски: Ова е втора инвестиција за неполни две недели во вредност од 20 милиони евра и 110 нови работни места
Исто така сакам да кажам дека самата компанија е лидер на пазарот во Германија и таму отприлика е присутна со околу 25% од истиот и нешто кое што претставува значајна препорака за нас, бидејќи очекуваме голем дел од компаниите коишто инвеститорот ги снабдува со своите производи да го следат примерот на инвеститорот и исто како што Eпсотех дојде овде, да дојдат и тие да инвестираат. Нешто кое што ќе значи додадена вредност за нашата економија и нешто кое што ќе донесе повеќе средства во буџетот, повеќе средства за капитални проекти со фокус кон граѓаните. Нашата цел е со дела да ја сакаме Македонија“, порача Премиерот.