Јустина Широка Пуља избрана за претседателка на Косово

Собранието на Косово ја избра Јустина Широка Пуља, претседателка на Академијата на науките и уметностите на Косово, за претседателка на Косово, што е претежно церемонијална функција, непосредно пред истекот на уставниот рок, со што се избегнуваат нови предвремени избори. Нејзин противник беше универзитетската професорка Елиза Хоџа.

„Овој мандат не припаѓа само на една личност. Тој им припаѓа на нашите граѓани. Јас ќе бидам претседателка на сите граѓани“, рече Широка Пуља по гласањето.

Во парламентот со 120 места, 81 пратеник гласаа за неа, еден повеќе од потребниот број.

Широка Пуља беше предложена од премиерот Албин Курти за претседател на Косово, неколку часа пред истекот на рокот за избор на претседател на 6 октомври. Претседателот на Демократската партија на Косово (ДПК), Бедри Хамза, изјави дека нејзиното име е прифатливо за функцијата.

Новата претседателка на Косово, Јустина Широка-Пуља, е родена во Приштина во 1953 година. Таа беше министерка за енергетика и рударство на Косово од 2008 до 2011 година. беше и пратеничка во Собранието на Косово (2011-2014). Докторирала по економија, а подоцна станала членка на Академијата на науките и уметностите на Косово. На 19 декември 2025 година, таа беше избрана за претседател на Академијата на науките и уметностите на Косово, како прва жена што ја извршуваше таа функција.