Цената на нафтата руши рекорди, РКЕ пред одлука

Граѓаните денеска ќе знаат дали од утре ќе точат поскапи горива. Регулаторната комисија за енергетика ќе ја соопшти новата одлука која ќе важи во следните седум дена.

Граѓаните денеска ќе знаат дали од утре ќе точат поскапи горива. Регулаторната комисија за енергетика ќе ја соопшти новата одлука која ќе важи во следните седум дена.

Одлуката се носи во услови кога суровата нафта на светските берзи бележи раст од 116 долари за барел што е раст од околу шест проценти на неделно ниво.

При пресметувањето на цените, РКЕ ги зема предвид референтните цени на нафтените деривати на меѓународните пазари, курсот на американскиот долар и другите параметри предвидени со регулаторната методологија.

Со последната одлука на РКЕ, бензините поевтинија за 2,50 денари за литар, а дизелот поскапе за два денари. Така, максималните малопродажни цени на Еуросупер БС-95 се 96 денари за литар, Еуросупер БС-98 се продава по цена од 98 денари за литар, Еуродизелот по цена од 99 денари за литар. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство е 110,50 денари за литар.