Цеков: Ја напуштам пратеничката група на ЗНАМ – од денеска сум независен пратеник

Пратеникот Миле Цеков ја напушта пратеничката група на ЗНАМ која е дел од владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и од денеска е независен пратеник, пренесе ТВ 24.

Пратеникот Миле Цеков ја напушта пратеничката група на ЗНАМ која е дел од владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и од денеска е независен пратеник, пренесе ТВ 24.

Според информациите, тој вели дека во политиката влегол да ја смени политиката, а не себе си и дека е незадоволен од многу работи.

„По две години како дел од власта, сакам јасно да соопштам дека од овој момент ќе делувам како независен пратеник кој не е дел од власта. Станав пратеник пред две години за да се обидам да ги променам работите, да побарам одговорност за криминалот и корупцијата, да се борам за промена на системот, но и да покажам дека има место во политиката за чесни и работливи луѓе. Но, за жал, промените не се случуваат“ рече Цеков.

Не кажа конкретно дали власта ја менува со поддршка за опозицијата, но вели отворен е за соработка со сите кои ги делат неговите вредности.