Филипче ја разрешува Петровска од заменик координатор во Собранието

Дел од нејзините колеги инсистирале на дебата за оваа одлука. Особено бидејќи според праксата замениците си ги определува координаторот на ПГ, но според информациите на ТВ 24 Оливер Спасовски не бил воопшто консултиран. Но Филипче откако ја соопштил одлуката, заминал од состанокот поради како што рекол други обврски.

Венко Филипче ја разрешува пратеничката Славјанка Петровска од заменик координатор на ПГ на СДСМ .

На денешната координација ги известил дел од пратениците кои биле присутни дека раководството на СДСМ со него на чело донело одлука да ја разрешат Петровска од заменик координатор на ПГ на СДСМ. Според информациите на ТВ 24 веќе и го задолжил координаторот Оливер Спаосовски да прати писмо до собранискиот спикер Африм Гаши, а на местото на Петровска да дојде пратеничката Јована Тренчевска која што е потпретседател на СДСМ.

Според процедурите на писмото треба да се потпишат сите пратеници. меѓу кои и Петровска .

Дел од нејзините колеги инсистирале на дебата за оваа одлука. Особено бидејќи според праксата замениците си ги определува координаторот на ПГ, но според информациите на ТВ 24 Оливер Спасовски не бил воопшто консултиран. Но Филипче откако ја соопштил одлуката, заминал од состанокот поради како што рекол други обврски.

Според неофицијалните информации Петровска се потпишала, но побарала само образложение, но Филипче не бил присутен да и го даде, додека Тренчевска само кажала дека “причините биле познати”.

Тргањето на Петровска од заменик координатор на СДСМ доаѓа по нејзината поддршка на “Платформата 12:05” и појавување како дел од организаторите на Платформата, кои побараа оставка од Филипче обвинувајќи го дека одработува за Владата на Христијан Мицкоски и ја држи СДСМ во заложништво поради својата слобода.

Филипче пак уште по првата трибина “Разговори за иднината во 12:05” на која учествуваа и независни интелектуалци, адвокати, активисти, ги оквалификува како одработувачи за ВМРО ДПМНЕ И “Платформа ЗНАМ 2.0”.

Петровска во еден настап ја обвини за криминал како министерка за одбрана , по што ВМРО ДПМНЕ бараше ОЈО да отвори предмет и Филипче да даде исказ.

Петровска пак зедно со Ивановски, Начевски, Петров, Станковиќ, Георгиев …му поднесоа план за реформи во СДСМ со негова оставка, но и го обвинија дека ја заробил СДСМ.