Трамп ја одобри егзекуцијата на напаѓачот од Форт Худ кој усмрти 13 лица

Американскиот претседател, Доналд Трамп, ја одобри смртната казна за Нидал Малик Хасан, осуден за масовното убиство во воената база „Форт Худ“ во Тексас во 2009 година кога загинаа 13 лица, соопшти портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, на социјалната мрежа „Икс“,.

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет „препорача, а претседателот Доналд Трамп одобри осудениот терорист, Нидал Малик Хасан, да биде погубен од стрелачки одред на американската армија, соопшти Парнел.

Датумот и местото на егзекуцијата ќе бидат одредени подоцна, додава тој.

Хасан, муслиман роден во САД со палестинско потекло, на 5 ноември 2009 година пукаше кон војници во медицински центар во големата воена база „Форт Худ“, со намера да ги спречи да учествуваат во, како што ги сметал, „незаконските“ војни во Авганистан и Ирак.

Сметан за „осамен волк“ на Ал Каеда, тој притоа уби 13 лица, меѓу кои 12 војници, и рани десетици други.

Хасан, кој беше ранет од куршум за време на нападот, денеска е делумно парализиран.

Во 2013 година беше осуден на смрт од страна на Воен суд. Неговата егзекуција би била прва со стрелање извршена од американската армија од 1961 година.