СП 2026: Формирани сите двојки за 1/16 финалето

Со одигрување на последните натпревари од групната фаза, познати се сите учесници во плејофот на Светското фудбалско првенство 2026.

Со одигрување на последните натпревари од групната фаза, познати се сите учесници во плејофот на Светското фудбалско првенство 2026.

Последни кои обезбедија учество во нокаут фазата се Австрија и Алжир, кои одиграа нерешено 3:3 во нивниот натпревар од 3. коло од групната фаза.

Австрија, со 4 бода, заврши втора во групата Ј и ќе игра против Шпанија додека Алжир ќе се соочи со Швајцарија.

Двојки за 1/16 финалето:

Германија – Парагвај
Франција – Шведска
Јужна Африка – Канада
Холандија – Мароко
Португалија – Хрватска
Шпанија – Австрија
САД – Босна и Херцеговина
Белгија – Сенегал
Бразил – Јапонија
Брегот на Слоновата Коска – Норвешка
Мексико – Еквадор
Англија – ДР Конго
Аргентина – Зелено’ртски Острови
Австралија – Египет
Швајцарија – Алжир
Колумбија – Гана.

Натпреварите ќе се одржат од 28 јуни до 4 јули, осминафиналето од 4 до 8 јули, четвртфиналето од 9 до 12 јули, полуфиналето на 14 и 15 јули, а натпреварот за третото место и финалето на 19 јули.