Сообраќајка помеѓу возило и тротинет: Тешко повреденa 14-годишнa девојка од Скопје

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На 02.05.2026 во 14:55 часот во СВР Скопје на крстосница од ул.„Горно Лисиче“ и ул.„Ѓорѓи Капчев“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(55) од Скопје и електричен тротинет „шаоми“, управуван од 14-годишна малолетничка од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.