Со концерт на Националниот џез оркестар вечер се отвора „Џез стрим фестивал“ во Струмица

Во Големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ вечер со почеток во 20:00 часот, со концерт на Националниот џез оркестар, ќе биде отворено првото издание на „Џез стрим фестивал“ во Струмица.

Во Големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ вечер со почеток во 20:00 часот, со концерт на Националниот џез оркестар, ќе биде отворено првото издание на „Џез стрим фестивал“ во Струмица.

Како што информираа од оркестарот, публиката ќе има можност да ужива во моќниот звук на биг бенд оркестарот во живо, под диригентство на маестро Џијан Емин.

-Ова ќе биде прво гостување на Националниот џез оркестар во Струмица и почеток на „JAZZ STReam Festival“ – нов фестивал што ќе донесе квалитетна џез програма и свежа музичка енергија во градот, се наведува во информацијата од Националниот џез оркестар.

Концертот е со бесплатен влез, а билетите може однапред да се резервираат преку НУЦК „Антон Панов“.

Инаку, на први овој месец организаторите одржаа прес конференција на која беше соопштена програмата и целта на фестивалот.

По отворањето на Фестивалот, утрешниот ден е резервиран за „Гоце Стевковски квинтет“. Потоа, ќе настапат и Тони Китановски Трио, Алиќ, Ѓошиќ, Ангелов & Јаневски Квартет, па американскиот „TRANSVERSE“, Летечки пекинезери,Hot Jazz Orchestra + Пијан Славеј, а завршната вечер на фестивалот ќе биде заокружена со фузија од класичен џез-звук и специфичниот авторски израз на „Пијан Славеј“.

Настапите ќе се реализираат во НУЦК „Антон Панов“, а предвидена и богата оф програма со промоции на книги и музички албуми.

Билетите за сите фестивалски вечери се бесплатни.