Снопче: Законот за правосуден испит не вели дека испитот треба да се одржи на македонски јазик

„Законот за правосуден испит не вели дека испитот треба да се одржи на македонски јазик. Законот за јазици има одредба која вели дека ако не се хармонизирани другите закони во рок од една година, ќе се применуваат одредбите од Законот за употреба на јазиците“, изјави пратеникот од едното од неколкуте крила на Алијанса за Албанците, Халил Снопче по протестите на студентите Албанци за полагање правосуден испит на албански јазик.

По ова прашање, смета дека има кругови кои не сакаат развој и кои се заинтересирани за статус-квото и за продолжувањето на блокадите.

-Тие не сакаат да одиме напред со реформите и преку внатрешните тензии да има дефокус на вистинските проблеми со реформите и со интеграцискиот пат. Ова се потврдува и со промената на ставот на премиерот кој потклекна на притисокот на тие кругови кои не сакаат напредок и борба против корупцијата. Премиерот прво изјави дека барањето на студентите е легитимно и тие имаат право да го полагаат испитот на мајчин јазик ако го бараат тоа, но утредента го промени ставот. Сметам дека потпадна на притисокот на тие кругови, додаде Снопче.