Ризикот од терористички напади во земјава е низок, иако секогаш постои опасност од „волци самотници“ – вели директорот на АНБ

Безбедносната состојба во Македонија е стабилна, а ризикот од терористички напади останува на ниско ниво, изјави директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски. Сепак, тој предупреди дека и покрај ваквата проценка, не може целосно да се исклучи можноста од индивидуални акти на насилство, извршени од таканаречени „волци самотници“.

Безбедносната состојба во Македонија е стабилна, а ризикот од терористички напади останува на ниско ниво, изјави директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски. Сепак, тој предупреди дека и покрај ваквата проценка, не може целосно да се исклучи можноста од индивидуални акти на насилство, извршени од таканаречени „волци самотници“.

Изјавата на Христовски следува по безбедносните предупредувања што американските амбасади во Софија и Приштина ги упатија до своите државјани во пресрет на празничната сезона, повикувајќи ги на зголемена внимателност при престој и патување низ Европа.

На денешната заедничка прес-конференција со директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, Христовски беше прашан дали постојат слични безбедносни закани и во Македонија.

Тој објасни дека предупредувањето на американската амбасада во Бугарија има општ карактер и не се однесува на конкретна локација, но нагласи дека македонските безбедносни служби континуирано ги следат потенцијалните ризици.

„Можам да кажам за нашава земја дека ризикот од терористички активности или акти останува низок, како што бил и подолг временски период наназад, и покрај глобалните трендови на зголемување на опасностите од насилен екстремизам. Секако, би истакнал дека секогаш останува ризикот од индивидуални чинови на насилство, односно т.н. ‘волци самотници’“, изјави Христовски.

Тој додаде дека АНБ, во координација со Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност, презема активности за навремено откривање и спречување потенцијални закани по јавната и националната безбедност.

Во меѓувреме, американскиот Стејт департмент издаде предупредување за своите државјани кои престојуваат или планираат да патуваат во Европа за време на претстојните празници. Во него се посочува дека местата со голема концентрација на луѓе би можеле да бидат потенцијални цели на терористички напади.

Како особено чувствителни локации се наведуваат божиќните пазари, празничните фестивали, туристичките атракции, трговските центри, транспортните јазли и верските објекти. Американските власти предупредуваат дека евентуални напади би можеле да се случат без претходни конкретни најави.

Покрај безбедносните ризици, во известувањето се укажува и на можни проблеми во транспортот поради штрајкови, демонстрации и лажни дојави за поставени експлозивни направи, кои во изминатиот период предизвикаа нарушувања во авиосообраќајот.

На американските граѓани им се препорачува редовно да ги следат информациите од локалните власти и медиумите, да ги почитуваат полициските насоки и да се регистрираат во програмата STEP за навремено добивање безбедносни известувања.

Од македонската АНБ уверуваат дека засега нема промена во проценката за ниско ниво на терористичка закана во земјата, но дека надлежните служби остануваат внимателни поради глобалните безбедносни предизвици.

„Ние како Министерство за внатрешни работи интензивно работиме на случајот – кој, како и што овозможил дотичната личност да се најде онаму каде што е во моментов. Се надевам кога ќе ги имаме сите информации, јавноста секако ќе биде информирана“, посочи тој.

Случајот повторно го привлече вниманието на јавноста откако бугарскиот јутјубер Станислав Цанов објави видеоснимки во кои Михаилова изнесува тврдења за притисоци од бугарската Државна агенција за национална безбедност (ДАНС).

Според нејзините наводи, од бугарската служба ѝ се заканиле дека ќе остане без помош за рехабилитација доколку првото интервју не му го даде на новинарот Мартин Карбовски.

Засега нема официјална потврда за овие тврдења, додека македонското МВР најавува дека јавноста ќе биде информирана по утврдувањето на сите околности поврзани со случајот.