Реформите да почнат од Врховниот суд – таму е корупцијата, вели ексминистерот за правда

Доколку Владата, премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ навистина се определени за суштинска и кредибилна реформа на судскиот систем, тогаш фокусот мора да биде насочен кон Врховниот суд, оценува поранешниот министер за правда Кренар Лога.

Според него, токму таму треба да се бараат најсериозните проблеми поврзани со корупција и нечесно постапување.

Лога посочува на низа појави кои, според него, укажуваат на системски слабости – од укинување пресуди и повторени судења што доведуваат до застарување на предметите, до сомневања за финансиски договори.

Посебно го потенцира и, како што вели, „перфидното манипулирање“ со АКМИС системот за автоматска распределба на судските предмети, што директно влијае врз интегритетот на судските постапки.

Дополнително, Лога предупредува дека ваквите состојби имаат и конкретна финансиска цена, посочувајќи дека државата губи милионски суми во постапки пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Извор: skopje1.mk