Пороен дожд предизвика поплави во европскиот дел на Истанбул

Пороен дожд утрово предизвика поплави во европскиот дел на Истанбул, додека азискиот брег не беше погоден, освен квартовите во близина на Босфор.

Пороен дожд утрово предизвика поплави во европскиот дел на Истанбул, додека азискиот брег не беше погоден, освен квартовите во близина на Босфор.

Поплави имаше во централните делови на градот – Бешикташ, Шишли, Султангази и во историскиот кварт Фатих, каде се поплавени продавници.

Поради надојдената вода сообраќајот се одвиваше отежнато, а подземните премини беа поплавени.

Метеоролозите најавија грмотевици и обилни врнежи во западниот регион Мармара – Истанбул, Текирдаг, Киркларели во близина на бугарско-турската граница и во североисточна Анадолија.