
Поповски: Би било исчекор ако Скопје и Софија ги детектираат прашањата што создаваат тензии
Во пресрет на претстојната тет а тет разговор меѓу министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, политикологот и поранешен министер Тони Поповски за веб порталот вели дека не очекува најавената средба меѓу министрите сама по себе да ги реши најделикатните недоразбирања, но може да биде важен прв чекор за враќање на директниот политички дијалог.
Во пресрет на претстојната тет а тет разговор меѓу министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, политикологот и поранешен министер Тони Поповски за веб порталот „Трилинг“ вели дека не очекува најавената средба меѓу министрите сама по себе да ги реши најделикатните недоразбирања, но може да биде важен прв чекор за враќање на директниот политички дијалог.
„Во зависност од исходот на средбата да утврди процесна патека за враќање на меѓусебната доверба. На тој начин би се излегло и во пресрет на основната препорака од Урсула фон дер Лајен дека Брисел очекува да започнеме со преговори врз основа на договорената рамка, за што е неопходно деблокирање на постојната состојба и воспоставување на процес кој би резултирал со поголема билатерална доверба“, проценува Поповски.
Според него сериозен и квалитативен исчекор би бил ако Скопје и Софија успеат појасно да разграничат што е веќе договорена европска обврска, а кои се билатералните прашања кои создаваат напнатост, и да се демонстрира искрена определба за продолжување на разговорите со поконкретна и истовремено позитивна агенда.
За нас моментумот е важен затоа што ЕУ повторно го третира проширувањето како стратешки приоритет и паралелно се подготвува за идни членки низ постепена интеграција. Затоа прашањето не е само дали ќе има средба, туку дали ќе започне процес што ќе донесе поголема предвидливост и ќе го намали ризикот секое следно билатерално несогласување да прерасне во нова блокада. Во оваа фаза, и договор за следна средба и структуриран дијалог би биле реално поместување од зацементирани позиции кои рефлектираат крајности во пристапот.