Папаставру: Со проширувањето на Вертикалниот коридор создаваме група земји и пазар на кој може да сметаат странските компании
Имав чест да бидам домаќин на министрите од Србија, Бугарија и Северна Македонија, се гледа како се менува културата, колку бевме разделени од историјата, географијата, а сега сите сфаќаме дека никој сам не може да ја преживее глобалната конкуренција. Сите заедно создаваме група од земји и населенија, создаваме пазар на кој може да сметаат странските компании, посочи министерот за енергетика и животна средина на Грција Ставрос Папаставру во однос на вчерашната квадрилатерална средба, јави дописничката на МИА од Атина.

Во интервју за грчката телевизија „Мега“, Папаставру се осврна и на регионалната соработка по разговорите со неговите колеги од Балканот, посочувајќи дека проширувањето на Вертикалниот коридор со нашата земја и Србија, како што беше договорено вчера, ѝ дава и геополитичка стабилност на Грција.
– Постои договор со Северна Македонија и Србија, така што природниот гас од нашата земја ќе оди во Северна Македонија, а оттаму во Србија. Ова е проект што ќе се заврши за 12 месеци од сега, а првично ќе биде околу една милијарда кубни метри (БЦМ). Ова е проширување на Вертикалниот коридор. Со Бугарија досега имаме два милијарди кубни метри и три БЦМ, што се вкупно пет, а ќе станат три и пет, односно осум и пол БЦМ. Нашата земја за 12 месеци од сега ќе може да извезува и девет БЦМ во Северна Македонија, објасни грчкиот министер за енергетика и животна средина.
На покана на Папаставру, со учество на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, министерката за енергетика на Србија Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, заменик-министерот за енергетика на Бугарија Кирил Темелков, заменик-министрите за енергетика на Грција и Србија и раководителите на надлежните оператори на системите за пренос на електрична енергија и природен гас од четирите земји, вчера се одржа квадрилатерален состанок во Атина, прв од ваков тип.
Министрите разговараа за иднината на регионалната енергетска соработка и поврзаност во Југоисточна Европа, истакнувајќи дека регионот треба да има поактивна улога во обликувањето на идната архитектура на европскиот енергетски систем преку подлабока соработка, посилни интерконекции и поголема интеграција на пазарите и ја потврдиле нивната заедничка амбиција да работа во таа насока.