
Осум месеци затвор и парична казна за Игор Дашковски Стојановски кој ги запали возилата на Бугарската амбасада
На осум месеци затвор и парична казна од 3.300 евра е осуден 44-годишниот Игор Дашковски Стојановски, кој во јуни годинава запали две дипломатски возила на Бугарската амбасада во Скопје.
На осум месеци затвор и парична казна од 3.300 евра е осуден 44-годишниот Игор Дашковски Стојановски, кој во јуни годинава запали две дипломатски возила на Бугарската амбасада во Скопје.
Пресудата е донесена откако обвинетиот ја признал вината за кривичното дело загрозување лица и објекти под меѓународноправна заштита. Во текот на судската постапка тој изјавил дека одлуката да ги запали автомобилите ја донел самостојно, по што ги полил со бензин и подметнал пожар.
Настанот се случи на 15 јуни годинава, кога беа опожарени двете возила со дипломатски статус. Инцидентот предизвика реакции кај македонските власти, кои го осудија нападот, а случајот доби и политичка димензија во односите меѓу Македонија и Бугарија.
Палењето на автомобилите беше проследено со остра политичка реторика меѓу Скопје и Софија, во период кога билатералните односи веќе беа оптоварени со повеќе отворени прашања.