Николоски: Преку шест милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица „Рудничка“.

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица „Рудничка“.

Ова е проект што се реализира преку Министерството за транспорт во соработка со оштината, каде вкупно се инвестира околу 30 милиони денари.

– Денеска сме во посета на Општина Кичево, да видиме како оди со реализацијата на инфраструктурните проекти. Преку различни програми кои што ги има Владата, вкупно инвестираме околу 360 милиони денари или околу 6 милиони евра во инфраструктурен развој на Општина Кичево. Секако дел од тие проекти е и улица „Рудничка”, на која што сме во моментов, каде што добро се одвиваат работите – рече вицепремиерот Николоски.

Вовед во градежни активности имаше на 15. октомври и во рок од шест месеци ова булеварско решение треба да биде завршено.

– Ова е втората фаза, првата фаза веќе се заврши, ја работевме заедно со Светската банка, така што кога ќе се заврши и втората фаза, ќе имаме еден прекрасен булевар кој што ќе се протега во овој дел на градот. Продолжуваме и со поддршка на Општината во соработка со градоначалникот, со пратеникот и со сите останати кои што даваат поддршка на Општината, со цел реализација на нови проекти. Веќе зборуваме за нови проекти, а сега тука се и најголемите проекти за Кичево, тоа е автопатот Охрид-Кичево, каде што имаме одлична динамика. Тука е автопатот Кичево-Букојчани кој што почна да се гради на 11 октомври. Ќе продолжиме да го поддржуваме Кичево – изјави Николоски. ев/

ФОТО: Министерство за транспорт