Минчев: Министерството за јавна администрација останува целосно посветено на унапредување на условите за работа

По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, министерот за јавна администрација, Горан Минчев упати благодарност кон сите работници за нивниот труд, одговорност и секојдневна посветеност, со што, како што посочи министерот, директно придонесуваат за развојот на општеството.

– Посебно сакам да ја истакнам улогата на административните службеници, кои со својата професионалност и ангажман обезбедуваат квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните – пишува во неговата пишана изјава.

Како што се додава во пишаната изјава, Министерството за јавна администрација останува целосно посветено на унапредување на условите за работа, зајакнување на професионалниот развој и обезбедување еднакви можности за сите.

– Заедно продолжуваме да градиме модерна, транспарентна и ефикасна јавна администрација, кој е вистински сервис на граѓаните. Честит 1 Мај – Меѓународен ден на трудот – порача министерот.