Интер ја обезбеди шампионската титула во Серија А три кола пред крајот

Екипата на Интер ја освои титулата во италијанското првенство откако синоќа во дуелот од 35.коло на домашен терен ја совладаа Парма со 2:0. На тој начин стигнаа имаат 12 бода повеќе од второпласираниот Наполи на три кола до крајот на шампионатот.

Водечкиот гол за Интер во 45+1.минута го постигна Маркус Турам на асистенција на Пјотр Зелински, додека конечните 2:0 ги постави Хенрик Мхитарјан во 80.минута.

Интер има 82 бода, пред Наполи со 70 и Милан со 67.

Ова за екипата на Интер е 21.титула шампион на Италија, единствено Јувентус е пред нив со 36, додека градскиот ривал Милан е трет со 19.