Израелската армија уби седуммесечно бебе во Западен Брег

Израелската армија соопшти дека започнала истрага за инцидентот.

Седуммесечно бебе загина, а неговите родители се повредени откако израелската армија синоќа отворила оган врз нивното возило на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Израелските војници отвориле оган јужно од градот Хеброн, тврдејќи дека возилото со зголемена брзина се движело кон нив.

Семејството патувало од Витлеем до Хеброн.

Израелската армија соопшти дека започнала истрага за инцидентот.