ДУИ: Назначувањето на Стоилковиќ е обид за ревидирање на Охридскиот договор

Назначувањето на Иван Стоилковиќ за министер за локална самоуправа претставува сериозен политички сигнал и уште еден обид за релативизирање и ревидирање на Охридскиот рамковен договор, обвини денеска членот на претседателството на генералниот совет на ДУИ, Фатон Алити.

Според него, по укинувањето на „балансерот“, слабеењето на Агенцијата за примена на јазикот и ударите врз албанскиот јазик, сега на ред е демонтирање на уште еден важен столб на Охридскиот договор – децентрализацијата и територијалната поделба од 2004 година.

-Територијалната поделба од 2004 година не е само карта со општини на хартија. Таа е дел од архитектурата на мирот. Затоа, кога денес се зборува за намалување на бројот на општините од 80 на 50, не станува збор за административна рационализација. Станува збор за повторно отворање на прашање кое беше затворено со мировен договор – рече Алити.

Тој порача дека е неприфатливо за општините со мнозинско албанско население, како Чаир, Тетово, Сарај, Липково, Гостивар и Струга, да одлучува министер кој, според нив, нема политички легитимитет ниту историска чувствителност ниту морален мандат за ова прашање.

Алити упати предупредување до владината коалиција да не ја отвора оваа тема и да не го тестира политичкото трпение кај Албанците.