Влен потврди – Шасивари, Ферати и Сулејмани ќе бидат нови министри во Владата

Своите функции во новиот владин состав ќе продолжат да ги извршуваат Беким Сали како прв вицепремиер и министер за европски прашања, Бесар Дурмиши како министер за економија и труд и Мухамед Хоџа како министер за животна средина.

Владејачката Влен ги потврди имињата на тројцата нови министри кои со владината реконструкција ќе застанат на чело на ресорите Правда, Односи меѓу заедниците и Култура и туризам.

Одлуката е донесена по вчерашната седница на Претседателството на Влен.

„Донесена е одлука претставници на коалицијата во Владата да бидат личности кои носат нова енергија, одговорност и посветеност во служба на граѓаните. За министер за правда е предложен универзитетскиот професор Јетон Шасивари, за министер за односи меѓу заедниците е предложен Агон Ферати, додека за министер за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани“, велат од Влен.

Своите функции во новиот владин состав ќе продолжат да ги извршуваат Беким Сали како прв вицепремиер и министер за европски прашања, Бесар Дурмиши како министер за економија и труд и Мухамед Хоџа како министер за животна средина и просторно планирање.

Предлог-составот на новиот владин состав се очекува да биде доставен во Собранието до петок.

Извор: 360Степени.мк