Британскиот премиер размислува за забрана на пропалестинските протести поради влијанието врз еврејската заедница

Британскиот премиер Кир Стармер во интервју за Би-би-си изјави дека би размислил за забрана на пропалестинските протести во оваа земја поради, како што истакна, влијанието врз еврејската заедница во оваа земја.

Стармер рече дека сака да види подобра контрола врз она што се зборува на протестите, но и дека некои од нив треба да бидат забранети. Стармер додаде и дека го брани правото на протест, но дека „мора да се преземат некои мерки“.

Како што истакнува, тој е особено загрижен за ситуацијата во еврејската заедница поради „кумулативниот ефект“ на овие протести, кои се одржуваат низ цела Велика Британија од почетокот на израелската агресија врз Газа.

Стармер ги даде коментарите по инцидентот во Лондон каде што две лица беа избодени со нож. Полицијата го прогласи инцидентот за терористички напад.

Претходно, членови на британската влада, исто така, повикаа на „ограничена забрана“ за пропалестинските протести.