Започнува 20-тото издание на „OFFest“
Започнува денеска, па ќе трае се до 13 ноември новото, јубилејно 20-то издание на „OFFest“
Од Скопскиот џез фестивал информираат дека сеќавањата на делото на големата португалска пејачка легенда Амалиа Родригез ќе бидат оживеани со настапот на дуото „Лина и Раул Рефри“. Своја проекција ќе има и документарниот филм „The Art of Amalia“, посветен на кралицата на фадото.
На фестивалот се очекува настап на триото „ШИРОМ“ од Словенија, гитаристот/композитор Кико Динучи од Бразил и неговата гостинка Јусара Марсал.
На фестивалот се очекува да настапи и африканскиот автор Блик Баси (Камерун/Франција).
Фестивалот ќе се одржува во Македонската опера и балет.