Wizz Air: Се соочуваме со екстремни технички предизвици со прекинот на глобалните ИТ системи
Како и сите авиокомпании денес, Wizz Air се соочува со екстремни технички предизвици со прекинот на глобалните ИТ системи од трета страна. Патниците на Wizz Air може да доживеат прекини низ мрежата бидејќи услугите на вебстраната и мобилните апликации привремено се недостапни, соопштија од авиокомпанијата.
Следниве онлајн услуги во моментов не се достапни:
• Веб-страница и мобилна апликација на Wizz Air;
• Систем за резервации;
• Онлајн систем за пријавување и прикажување на картата за патување;
• Контакт центри – нови резервации и промени на постоечките.
За време на прекинот, достапно е бесплатно пријавување на аеродромот. Затоа, ги советуваме патниците да пристигнат на аеродромот најмалку 3 часа пред закажаното време на поаѓање за да овозможат доволно време за пријавување, безбедносна контрола и здравствени и безбедносни процедури специфични за аеродромот, соопштија оттаму