Tesla ќе претстави „роботакси“ на 8 август
Американскиот производител на електрични возила Tesla планира да претстави „роботакси“ на 8 август, објави сопственикот на компанијата Елон Маск.
Во кратка објава на платформата Х, која исто така ја поседува, тој не даде други детали.
Според претходните најави, автономното возило ќе се базира на нова техничка платформа која ќе го направи производството поефикасно и попрофитабилно.