Browsing Tag

Турција

Инцидент во Егејско Море: Турски рибарски брод пукал кон грчка гранична стража

Турски рибарски брод, управуван од криумчари на луѓе, утрово отворил оган врз брод на грчката крајбрежна стража кај островот Лезбос, објави грчката телевизија Скај. Инцидентот се случил околу 8 часот во грчките територијални води.…

Ослободени 59 студенти кои протестираа во Истанбул

Судот во Истанбул издаде наредба за ослободување на 59 студенти, кои изминатите недели протестираа во Истанбул поради апсењето на сменетиот градоначалник Екрем Имамоглу. Судот наведува дека студентите се ослободени бидејќи „нема…

Двајца турски новинари приведени поради критикување на властите

Двајца турски новинари, Тимур Сојкан од весникот „БирГун“ и Мурат Агирел од весникот „Џумхуриет“, се приведени денеска на основа на, како што наведуваат весниците, лажни обвиненија кои произлегуваат од нивното работење. Сојкан, кој е и…

Лидерот на најголемата опозициска партија во Турција побара предвремени избори

Лидерот на најголемата опозициска партија во Турција денеска побара одржување на предвремени претседателски избори „најдоцна во ноември“, по десетдневни протести поради апсењето на градоначалникот на Истанбул. „Ќе се соочите со нашиот…

Израел повторно нападна цели во близина на Дамаск, Турција остро реагира

Израелските воздухопловни сили синоќа извршија два воздушни напада врз воени објекти во близина на сирискиот главен град Дамаск, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права. „Израелски авиони гаѓаа воени позиции и…

ЕУ длабоко загрижена поради ситуацијата во Турција

Еврокомесарката за проширување Марта Кос синоќа изрази „длабока загриженост“ на Европската Унија поради апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, и соопшти дека ги откажува планираните посети на Турција поради случувањата…

Анкета: Над 60 проценти од Турците сакаат предвремени избори

Повеќе од 60 проценти од Турците сакаат предвремени избори, покажуваат резултатите од најновата анкета реализирана по апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу и масовните протести. Дури 63,5 отсто од испитаниците позитивно…

Турски суд ослободи од притвор тројца новинари, меѓу кои и фотограф на АФП

Турски суд одлучи денеска да го ослободи фотографот на новинската агенција АФП, Јасин Акѓул, кој беше уапсен неделава од турските власти под обвинение дека учествувал во забранетиот протест, што како новинар го следеле во Истанбул, објави…

Турската полиција употреби сила за да растури протест на универзитетот во Анкара

Турската полиција употреби солзавец, гумени куршуми и водени топови против демонстрантите на Универзитетот во Анкара, јавија светските агенции. Рано утрово студентите се собраа да прочитаат соопштение пред влезот на Техничкиот…

По апсењето на противникот на Ердоган, избран е нов градоначалник на Истанбул

Градскиот совет на Истанбул, каде што опозициската Републиканска народна партија има мнозинство, денеска избра вршител на должноста градоначалник, објави телевизијата НТВ, откако актуелниот градоначалник Екрем Имамоглу беше приведен под…